Не станува збор за голема интелигенција, пари или искуство“, рече основачот и извршен директор на Спанк, Сара Блејкли.
Таа е креаторка на корсети што ги носат сите холивудски sвезди, а во 2012 година блесна на насловната страница на магазинот „Форбс“ како најмладиот милионер кој создал самостојно богатство.
Но не било отсекогаш толку гламурозно.
“Пред две децении, јас бев само девојка со глупава работа и луда идеја. Немав многу пари, искуство или знаење за индустријата. Но, решив да влезам во сето тоа “, вели Блејкли.
Всушност, Блејки ја основала “Спанкс” во 1998 година, со заштеда од само 5000 долари од продажба на факсови од врата до врата. Без искуство во дизајнот, бизнисот или производството, Блејки на крајот го изгради Спанк кој, како бренд вреди милијарда долари.
Сега, покрај чорапите што го обликуваат телото, има и корсети, костуми за капење, хеланки, долна облека, и слично. Според списанието Форбс, богатството на Сара Блејкли се проценува на 610 милиони долари.