ПОВЕЌЕ

    ОД ЛАНИ ИЗГРАДЕНИТЕ 3.445 СТАНОВИ – 2.061 се во Скопскиот регион

    Време зa читање: 2 минути

    Работата што лани ја извршиле градежните фирми во земјава е во износ од над 597 милиони евра. Изградени се вкупно 3.445 станови, најмногу во Скопскиот регион и тоа во Општината Центар. Градежниот пик е регистриран и во Охрид и Битола.

    Конкретно, податоците од Државниот завод за статистика велат – во 2023 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 36.880.167 илјади денари. Од нив, 18.951.263 илјади денари (306,8 милиони евра) се за објекти во индивидуална сопственост.

    Во текот на минатата година градени се 2.874 објекти, а завршените 3.445 станови се со вкупна површина од 243.815 метри квадратни. Меѓу нив, 3.415 се во индивидуална сопственост.

    Просечната корисна површина на завршените станови е 70,8 квадрати.

    Очекувано, најмногу се градело и се изградило во Скопскиот регион. Се работи за 838 градежни објекти, од кои 579 во индивидуална сопственост. Притоа, завршени се 2.061 стан, со вкупна површина од 139.078 квадрати. Предничи скопски Центар со 646 новоизградени станови во 2023 година.

    Во Пелагониско се работело на 361 градежен објект. Завршени се 212 станови, сите во Битола. Следува Југозападниот регион со 291 градежен објект и со 205 завршени станови. Најголемата активност, според изградените 140 станови, била во Охрид,

    Најмалку, пак, градежни работи од овој вид имало во Североисточниот регион. Резултатот е 81 стан, сите во Куманово. Инаку, градени се 133 објекти.

    Исто така, статистиката забележала дека во 2023 година индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13.763.912 илјади денари (222,8 милиони евра). Градени се 2.020 објекти и завршени се вкупно 2.331 стан со вкупна површина од 299.224 метри квадратни. Од нив 67 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7.196 м2. Просечната корисна површина на завршените станови е 128,4 квадрати.

    Најмногу вакви градби има во Полошкиот, а потоа и во Скопскиот регион.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично