ПОВЕЌЕ

    Од денеска поскапуваат бензините, дизелот повтин

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од денеска се зголемуваат за половина денар по литар, додека дизелот поевтинува за два денара по литар, одлучи Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ).

    Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто.

    Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61 денар за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,299 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 38,018 денари.

    Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена кај бензинот за 1,717 отсто и кај дизелот за 0,886 отсто, како и за 0,123 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

    – Овој раст на цени на светските берзи го достигна нивото со кои се исполнија условите да се намали акцизата за два денара за литар за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) согласно Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба, велат од РКЕ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично