Горивата од ноќеска на полноќ поевтинија од половина до 1,5 денари по литар.
Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намали за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, а 50 денари за ЕУРОСУПЕР БС-98. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтини за еден денар за литар и ќе чини 45 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1,50 денари за литар и ќе изнесува 33,50 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,921 денари за килограм се намали и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега се продава за 17,970 денари.