ПОВЕЌЕ

    Од денеска бесплатни разговори со Албанија, Црна Гора, Косово, Србија, БиХ

    Време зa читање: 2 минути

    Започна да се применува бесплатниот роаминг со петте земји од регионот Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од денеска граѓаните од овие пет држави на цените на услугите кога зборуваат на мобилен ќе им биде како по дома.

    Ако досега разговорите со овие земји од соседството чинеле околу 5 денари минута сега се ќе зависи од тарифниот модел што го користите дома.

    -Ако дома имате на пример тарифен модел со месечна претплата од 1000 денари, а во него имате неограничени бесплатни разговори и во соседните земји на пример ако сте во Србија разговорите ќе ви бидат бесплатни, значи се е вклучено во претплатата, појаснуваат од АЕК.

    Ова е кај пост пејд корисниците.Кај при пејд корисниците цената на разговорите во земјите од регионот ќе ви биде иста како и дома. Ако дома плаќате пример два денари минута толку ќе ве чини и во Босна на пример.Со тоа што може кај при пејд корисниците разговорите надвор да би биле незначително повисоки.

    Поинаква е ситуацијата кај интернет сообраќајот.

    -Ако со вашата претплата имате одредена количина на бесплатен интернет, бесплатно ќе може да го користите интернетот и во Албанија на пример. Сепак на користење ќе имате помала количина на бесплатен интернет иако во вашата тарифа е предвидено повеќе, истакнуваат од Агенцијата.

    Договорот за намалување на цените на роамингот земјите го склучија пред две години и тој процес се одвиваше постепено. За жал една од најпосетените летни дестинации е Грција, но разговорите од оваа држава продолжуваат да се наплаќаат по многу високи цени. Тарифата е слична и кон останатите европски држави надвор од петте договорени земји. Разговорите со овие земји и интернет комуникацијата останува да се плаќа по многу високи цени. Во зависност од кој оператор го изберете интернет во Грција чини 59 ден/МБ, смс 16,90 денари, појдовни повици 89 ден./мин и дојдовни 25 ден/мин.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично