ПОВЕЌЕ

    ОД ДЕНЕС ВО ФУНКЦИЈА КЛУЧКАТА ТРЕБЕНИШТA, на автопатот Охрид-Кичево се работи и ноќе, напиша Николоски

    Време зa читање: < 1 минутa

    Од денес треба да биде пуштена во сообраќај клучката Требеништа, со што се довршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево, објави вчера на својот Фејсбук профил министерот за транспорт, Александар Николоски.

    „Интензивно и максимално посветено работиме да овој автопат биде навремено завршен. Работиме и сите населени места околу автопатот да бидат поврзани со автопатот преку соодветни пристапни патишта и клучки“, напиша Николоски.

    Тој објави фотографии на кои се гледа дека на автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.

    Според Николоски, интензивно се работи и на споредните патишта, кои не биле предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано.

    Автопатот Охрид–Кичево е еден од клучните инфраструктурни проекти во државата кој треба да го подобри сообраќајното поврзување и економскиот развој на западниот дел од државата.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично