ПОВЕЌЕ

    Од август до септември просечната плата зголемена за осум евра

    Време зa читање: 2 минути

    Просечна плата за септември е 41.585 денари. И има напредок во однос на августовската која беше 41.097 денари. Во евра износите се 676 наспроти 668, што претставува месечен исчекор од осум евра.

    Бруто-износот за деветтиот месец е со просек од 62.573 денари.

    Во споредба со истиот месец од минатата година, индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во септември е 109.8, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

    Движењето по нагорна линија е поттикнато, пред сѐ, од растот на исплатената просечна нето-плата во три сектори. Се работи за административни и помошни услужни дејности, каде што зголемувањето е за 12,6%, преработувачката индустрија со 11,7% и уметност, забава и рекреација со 11,4%.

    Во однос, пак, на август, повисоки се просеците исплатени во рударство и вадење на камен за 5,8%, во административни и помошни услужни дејности за 5,0% и во преработувачка индустрија за 2,8%.

    Меѓу дејностите најнизок е просекот од 30.941 денар во објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Без конкуренција и натаму се информации и комуникации, каде што просечната плата е постојано највисока. За септември е во износ од 76.904 денари. Во тие рамки најголем е придонесот на програмерите со просек од 96.455 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично