Од Агенцијата за електронски комуникации појаснуваат што точно за граѓаните значи укинувањето на роаминг меѓу Македонија и петте земји од регионот Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Во изјавата за порталот Pari.com.mk од агенцијата појаснуваат дека ако досега разговорите со овие земји од соседството чинеле околу 5 денари минута сега се ќе зависи од тарифниот модел што го користите дома.
-Ако дома имате на пример тарифен модел со месечна претплата од 1000 денари, а во него имате неограничени бесплатни разговори и во соседните земји на пример ако сте во Србија разговорите ќе ви бидат бесплатни, значи се е вклучено во претплатата, појаснуваат од АЕК.
Ова е кај пост пејд корисниците.Кај при пејд корисниците цената на разговорите во земјите од регионот ќе ви биде иста како и дома. Ако дома плаќате пример два денари минута толку ќе ве чини и во Босна на пример.Со тоа што може кај при пејд корисниците разговорите надвор да би биле незначително повисоки.
Поинаква е ситуацијата кај интернет сообраќајот.
-Ако со вашата претплата имате одредена количина на бесплатен интернет, бесплатно ќе може да го користите интернетот и во Албанија на пример. Сепак на користење ќе имате помала количина на бесплатен интернет иако во вашата тарифа е предвидено повеќе, истакнуваат од Агенцијата.
Роамингот од Македонија, почнувајќи од 1-ви јули нема да важи за Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Договорот за намалување на цените на роамингот земјите го склучија пред две години и тој процес се одвиваше постепено.
Редакција Пари