
Во Македонија се издадени десетици лиценци за производство на медицински канабис, но реалната слика е далеку поразлична. Првиот човек на „НЈСК Холдинг“ Сашо Стефаноски, во поткастот „Каде се парите?“ објаснува дека само мал број компании навистина произведуваат и извезуваат, додека останатите се соочуваат со финансиски, технолошки или регулаторни пречки. Според него, медицинскиот канабис не е бизнис за брза заработка и само сериозните инвеститори можат да опстанат на овој пазар.
„На почеток особено 2019 – 20 година стана некаков си тренд во државата да многу компании, бизнисмени, индивидуалци да пробаат да инвестираат во овој бизнис, надевајќи се на некој нереални состојби, дека со мала инвестиција или брзо ќе заработат одредени средства. Се покажа дека тоа не е така. Од некој 90 на лиценци поради Х проблеми во Македонија, за кои јавност мислам дека беше добро запознаена, добра дел од лиценците се одзедоа. Во моментов, според мои сознанија, активни се некој 30 – тина лиценци, од кои само девет компании имаат економска активност во смисла дека вршат некои производни процеси, а само некои од нив меѓу кои и нашата компанија извезуваат надвор од Македонија. Сакам да потенцирам дека нашата компанија е извозно ориентирана, 99% од нашето производство завршува на европските и светските пазари.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








