ПОВЕЌЕ

    Од 5.814 подарени акции – 3.000 се на Стопанска банка Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Нетрговски трансфери имало во секој од петте работни денови минатата недела. Вкупно се подарени или наследени 5.814 акции. Сите се обични. Издадени се од 12 друштва.

    Најголемата активност е забележан во средата, кога во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност биле заведени 3.441 акција. Врз бројноста влијаат трансферираните 3.000 акции на Стопанска банка Скопје, чија вкупна вредност надминува 140 илјади евра. Последната просечна цена на оваа акција е 2.880 денари.

    Најчести, пак, биле нетрговските трансфери со акциите на Комерцијална банка. Во три наврати се процесуирани 871 хартија од вредност: понеделник – 855, вторник – 4 и среда – 12 обични акции. Нивната просечна цена, според берзанската петочна листа, е 28.398,65 денари.

    Во текот на седмицата на двапати се вршел пренос на акциите од три друштва. На РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје, прво 31, па потоа уште 18 обични акции. Исто така и на Уготур АД Скопје – 32 и 19 обични акции. Акциите и на двете друштва се чести во нетрговските трансфери, а многу ретко се тргуваат на Македонска берза. Имаат иста просечна цена од 20 денари.

    И Макстил АД Скопје на двапати се среќава во статистиката на нетрговските трансфери: во вторник со 680 и во среда со 392 обични акции. Просечната цена за акција е 135,69 денари.

    Од компаниите со предзнак РЖ, подарени се 29 обични акции со знакот на Економика АД Скопје, на Техничка контрола АД Скопје и 250 на Услуги АД Скопје.

    Чести во нетрговските трансфери се и акциите на Гранит АД Скопје. Минатата недела се евидентирани 315 обични акции. Сопственоста е пренесена и кај 13 обични акции на Макпетрол. Тие ја имаат и единечна просечна вредност од 118.500 денари за акција.

    Во минатонеделните нетрговски трансфери се заведени и 100 обични акции на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово, како и 52 издадени од БИМ АД Свети Николе.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично