ПОВЕЌЕ

    Од 4 мај 2020 година Комерцијална банка ќе исплаќа парични права од социјална заштита за месец април

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје од 4-ти мај 2020 година ќе започне со исплата на паричните права од социјална заштита за месец април на корисниците кои паричната помош ја примаат на нивната денарска сметка во Банката. Корисниците кои имаат активна дебитна картичка парите од социјалната заштита ќе ги имаат на располагање на 04.05.2020 година и ќе може да ги подигнат на банкомат или да ги користат за безготовинско плаќање.

    Имајќи ги предвид актуелните мерки за заштита од Covid-19 (корона вирус), исплатата на паричните права од социјална заштита на шалтерите во Банката ќе биде организирана во четири групи, и тоа согласно утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

    • Понеделник, 04.05.2020 – А, Б, В, Г, Д;
    • Вторник, 05.05.2020 – Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К,Л;
    • Среда, 06.05.2020 – Љ, М, Н, Њ, О, П; Р;
    • Четврток, 07.05.2020 – С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

    Комерцијална банка потсетува дека при посетата на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично