Нетрговските трансфери изведени минатата недела забележале 1.839 подарени, наследени… акции. Од нив шест се приоритетни. Акциите се издадени од три банки и осум фирми, од кои четири се РЖ, односно произлезени се од некогашната скопска Железара.
Од банкарските, на овој начин сопственоста е сменета кај шест приоритетни акции од Стопанска банка Скопје, пет од Стопанска банка Битола и 42 од ТТК Банка.
Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза покажуваат дека акциите на РЖ се трансферирани во средата, кога интензитетот на оваа активност бил најголем. Тој ден се регистрирани вкупно 1.494 акции. Тука се запишани девет обични акции од РЖ „Техничка контрола“ АД Скопје, 1.236 на РЖ „Економика“ АД Скопје, 184 на РЖ „Услуги“ АД Скопје и 22 на РЖ „Интер-Трансшпед“ АД Скопје.
Истиот ден пренос е направен и со 24 акции на „Уготур“ и 19 на „Окта“.
Во неделната статистика на Централнот депозитар се влезени и 62 обични акции од Дебарски бањи Цапа.
А, во два наврати се трансферирани хартиите од вредност на „Алкалоид“: прво 30, па потоа, на крајот од работната недела уште 200 обични акции. И тоа е единствениот нетрговски трансфер направен изминатиот петок.