ПОВЕЌЕ

    Од 130 компании наплатени 37,4 милиони евра солидарен данок, 26 обврзници должат 11,8 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Од 156 компании опфатени со солидарниот данок, меѓу кои е и едно јавно претпријатие, 130 одговориле на обврската. Еднократната давачка не ја уплатиле 26 обврзници.

    Досега, заклучно со осми ноември, по оваа основа се наплатени 2,3 милијарди денари или близу 37,4 милиони евра. Доколку сите ја намират обврската, тогаш износот би бил 3,29 милијарди денари (53,5 милиони евра). Оттаму, дваесет и шестте компании кои се уште се водат како должници, и покрај рокот даден од Управата за јавни приходи, заедно треба да уплатат уште 726,6 милиони денари или 11,8 милиони евра, информира директорката на Управата, Сања Лукаревска.

    Како што посочи, најголемиот износ од 257,3 милиони денари (4,1 милион евра) се уплатени скопска компанија со дејност леење челик, која за 2022 година има вкупен приход 11,3 милијарди денари (183,7 милиони евра).

    Речиси, половина, пак, од компаниите што не ја исполниле обврската се од Скопје – 12. Другите се од Неготино, Струмица, Гевгелија, Делчево, Битола, Прилеп, Чучер Сандево, Гостивар, Слупчане, Желино, Охрид. Од нив, по две фирми се од дејноста коцкање и обложување, изградба на станбени и нестанбени згради, трговија со дрва, градежни материјали и санитарија, а има и од трговија на големо со хемиски производи… Како причина за неисполнувањето на даночната обврска најчесто се посочува немањето средства.

    „Најголемиот должник, а воедно и компанија со најголема пријавена обврска, е скопска компанија од среден обем, чија дејност е трговија со електрична енергија, која остварила вкупни приходи од  13,2 милијарди денари и должи 294,6 милиони денари“, рече Лукаревска.

    До сите нив се доставени опомени, и како што наведе диркторката, шест од компаиите кои должат направиле пребивање, што е дозволено, а три се во режим на репрограмирање – ќе плаќаат на три рати.

    Рокот е непроменет, 24 ноември, за кога е најавено блокирање на сметките на неплаќачите. Сепак, нагласува Лукаревска, целта на УЈП не е да ги блокира, туку да се најде решение. Затоа, вели, до денот на блокадата ќе бидат во постојан контакт со тие компании.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично