Дојде периодот од годината кога сите правиме ретроспектива на претходната и си посакуваме убави желби за годината која следи. Овој пат, празниците имаат еден поинаков тек. Дефиниран од приликите на оваа кризна пандемиска година. Соочени со потребата за брз одговор, Ние во Алкалоид бевме свесни дека на една ваква здраствена криза и е потребен човечки одговор. Ги адаптиравме процесите, внимателно го анализиравме сите ризици, и дејствувавме мудро.
Најдовме алтернативни начини за комуникација со колегите, соработниците и имателите на удели.
Би сакал да се заблагодарам на сите Алкалоидовци за посветената работа, и над човечките напори вложени годинава за непречено одвивање на процесите. Како компанија секако не заборавивме и на заедницата, и во многу наврати ја потврдивме нашата општествена одговорност. По разни основи дониравме на здраствени установи, институции, здруженија и поединци.
Алкалоид беше првата компанија која го поддржа македонското Министерство за здраство, а помогнавме и на заедниците во земјите каде работиме. Во вонредни околности, пуштивме во погон нови капацитети, направивме конверзија на САП системот, а завршивме и други инвестиции. Донесовме нова верзија на кодот за етичко и деловно однесување, во кој се содржани нашите клучни компаниски вредности. Овој нов стратешки документ го потенцира фактот дека не се важни само резултатите кои ги постигнуваме, туку и начинот на нивно остварување.
А во поглед на резултатите, ако изминативе 15 години сме прикажале три ипол кратен раст на продажбите, тогаш со задовоство можам да констатирам дека Алкалоид е на добар пат, и така треба да продолжи.
Како и секоја криза, и оваа ќе заврши, но сега е време да покажеме доблест и да истраеме. Да покажеме дисциплина, солидарност и високо ниво на емпатија. Светските економски експерти, прогнозите за 2021 ги ставаат во сенка на имунитетот на вирусот и очекуваните ефекти од вакцините. Неизвесноста е огромна, а плановите на Алкалоид за годината која следи се прилично амбициозни. И во вакви услови ние мораме да ги исполниме очекувањата на пазарот и да испорачаме врвен квалитет на производите и услугите. Посакувам во годината кога Алкалоид прославува 85 годишен јубилеј да се радуваме заеднички на нови повисоки достигнувања и ЗДРАВЈЕ ПРЕД СЕ’!
Посакувам да можеме заедно да наздравиме на новите успеси, а дотогаш чувајте се.