ПОВЕЌЕ

    Обичните и приоритетни акции на Стопанска банка Скопје „главни“ во нетрговските трансфери

    Време зa читање: 2 минути

    Акции 3.452 на број, кои го носат знакот на девет компании и на четири банки е минатонеделниот  резултат забележан во сегментот нетрговски трансфери. Од нив 243 се приоритетни, сите други се обични акции.

    Најбројни овојпат се акциите на Стопанска банка, покажуваат податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност што ги објавува Македонска берза. Трансфери се извршени во три наврати, при што прво се пренесени 660 обични, па 137 и уште 106 приоритетни акции.

    На двапати низ овој процес минале и 607 акции на Тутунски комбинат АД Прилеп – 103 плус 504 обични акции. Исто така, и акциите, вкупно 140 на „Алкалоид“ – прво 30, а потоа 110 обични акции. И Тетекс АД Тетово го има „двојно“ во податоците, со трансферирани седум и 100 обични акции.

    Како подарок, наследство или за друга намена, сопственоста ја смениле и акции издадени од банките. Од Комерцијална 457 обични акции, од ТТК 318 и од НЛБ банка 206 обични акции.

    Најмалубројни минатата недела се акциите на ГД „Тиквеш“ АД Кавадарци и на „Вабтек МЗТ“ АД Скопје. Трансферирани се по 15 од нив издадени обични акции. Следуваат 19 обични акции на „Раде Кончар – Апаратна техника“. Сопственоста на овој начин е променета и кај 46 акции од кавадаречката винарска визба „Тиквеш“, како и кај 47 акции на скопски „Макпетрол“.

    Меѓу хартиите од вреднот кои најчесто ги има во нетрговските трансфери се и оние емитувани од акционерското друштво „Гранит“. Во минатонеделните податоците се забележани 572 обични акции.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично