ПОВЕЌЕ

    Новите станови ќе се купуваат со повластените 5% ДДВ до крајот на 2028 година

    Време зa читање: 2 минути

    Повластената стапка на ДДВ од 5 насто за прво купување новоизграден стан што исклучиво ќе се користи за домување – ќе важи и по 1 јануари 2026 година, а сѐ до 31 декември 20228 година. Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност.

    „Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата се продолжува од 1 јануари 2026 година до 31 декември 2028 година.

    Согласно постоечкиот Закон, беше предвидено повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови да се применува до 31 декември 2025 година“, соопштија од Министерството за финансии.

    Со оваа поволност се влијае врз градежниците, односно врз цената на новите станови и врз стандардот на граѓаните. Како што можеше да се слушне од собраниската говорница, зависно од локацијата и од цената на станбениот квадрат, за стан од 70 метри квадратни купувачот може да заштеди и до 15 илјади евра.

    Ваквата практика на петпроцентно ДДВ датира од 2010 година и досега во неколку наврати е продолжуван рокот на примената.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично