На Официјалниот пазар, на подсегментот берзанска котација, од денес во понудата се нови државни обврзници. За вложените пари, на заинтересираните инвеститори им следува каматна стапка од 5,1 процент.
Издадени се 208.660 обврзници, чија единечна номинална вредност е 10 илјади денари. Се работи за хартии од вредност без девизна клаузула. Вредност на емисијата е 2.086.600.000 денари, односно 33,9 милиони евра.
Оваа емисија е издадена во четвртокот, на 10 јули. Рокот на доспевање е по 15 години – на 10 јули 2040 година.
Истиот тој ден, во четвртокот, на Берзата се појавија четири државни обврзници со вкупна вредност од 4,5 милијарди денари (околу 74 милиони евра).