За обновување на личните податоци, клиентите повеќе не треба да одат во просториите на Халк банка АД Скопје. Банката воведе нова услуга, која ја олеснува оваа активност.
Личните податоци потребни за непречено извршување на банкарските операции може да се ажурираат и одржуваат преку OneID апликацијата, информираат од Халк банка. Воедно, посочуваат дека имплементирањето на новите трендови, дигитализацијата, заедно со барањата на клиентите и нивната безбедност, се врвни приоритети на банката.