За само 28 дена од почетокот на годинава во Битола се основани 24 нови компании. Со овие новосоновани компании, вкупната бројка на деловно активни субјекти во градот на конзулите е 5,562.
При тоа, 31 правни субјекти се големи и прават над 10 милиони евра годишен обрт и имаат повеќе од 250 вработени.
Во Битола фигурираат 23 Акционерски Друштва, 440 Друштва со Ограничена одговорност (ДОО) и 3,140 се Друштва со ограничена одговорност на едно лице (ДООЕЛ).
Извор на податоци: Бизнис Мрежа
За повеќе информации продолжете на www.biznismreza.mk