ПОВЕЌЕ

    Нови цени на услугите за безготовински трансакции на правни лица во Комерцијална банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во насока на обезбедување континуитет на висококвалитетна услуга за своите клиенти, Комерцијална банка АД Скопје изврши промена на цените на услугите за безготовински трансакции на правни лица. Новите цени ќе се применуваат од 01.09.2020 година.

    Согласно измените во тарифата на Банката, зголемени се цените на дел од безготовинските трансакции за правни лица. Новите цени се објавени на веб-страната на Банката и се достапни на следниот линк.

    Комерцијална банка останува посветена на пружање услуги кои ќе овозможат континуиран развој на вашиот бизнис, процес кој е гарантиран со постојано инвестирање во оперативните процеси и техничките платформи. Секако, на располагање на клиентите е и широката палета на дигитални финансиски услуги, кои обезбедуваат заштеда на време и се со значително пониски надоместоци отколку услугите преку шалтер.

    Тимот на Комерцијална банка стои на располагање за сите дополнителни информации во врска со услугите за клиентите на (02) 3296 800 и на [email protected].

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично