ПОВЕЌЕ

    Новата глобална финансиска АБЕЦЕДА (ABCD) – АНАЛИЗА на Банкарскиот сектор

    Време зa читање: 4 минути

    Еден од исходите на пандемијата со Ковид-19 е масовната акцелерација на процесот на дигитална трансформација. Особено, ваквиот тренд ја зафати финансиската индустрија, каде вирусот предизвика целосен ремонт во системите за обработка на податоци, масовноста во користењето на дигиталните алатки и приспособувањето на финансиските производи кон новите потреби. Новиот буквар според кој се водат високо развиените финансиски институции е со име ABCD. Првите букви од англиската азбука означуваат:

    А (Automation and artificial intelligence) автоматизација и вештачка интелегенција

    В (Blockchain and bitcoin) блокчејн технологија и биткоин

    С (Cloud computing) користење на апликации без софтвер

    D (Digitization) дигитализација

    Од аспект на банкарскиот сектор се чини дека ваквите трендови со забрзано темпо се имплементираат и на нашиот пазар. Банките, во голема мера успеваат да се прилагодат на новитетите, но во исто време клучно е и нивните клиенти паралелно да учествуваат во процесот. Новата “абецеда” на финансискиот пазар се одразува врз сите сегменти од работењето, од кои исклучително важни на глобална сцена се следните:

    1. Програми за дигитална комуникација. Скоро сите банки имаат равиено свои апликации, преку кои може да се инсталира програма за комуникација со клиентите. Најчесто оваа комуникација се одвива преку прашања и одговори за одредени производи и процедури и во голема мера ги заменува контакт центрите. Ваквата комуникација претставува персонализирано искуство за клиентите и масовно користена, а со тоа банките прават интеграција на своите услуги, полесно допираат до нови клиенти и активно ги користат за проширување на брендот.
    2. Собирање на податоци. Мобилните апликации се користат за креирање на дата бази кои подоцна со помош на нивна обработка може да се преточат во адекватни промени во процесот на развој на продукти, кредитна политика и слично. Клиентите оставаат голем број на податоци и насоки како да се задоволат нивните потреби, а правилно собирање и анализа преку гореспоменатите процеси ќе биде од клучно значење за иден раст и развој на банката.
    3. Управување со портфолио. Голем број на банки се вклучени во беразанските тргувања и тргувањето со странски и дигитални валути. Сите ограничувања во изминатиот период ги оневозможија клиентите директно да ги посетуваат банките, а со развојот на технологијата сега сите трансакции може да се извршат од било кое место. Живееме во свеет кога и една минута може многу да промени во однос на цена на одредена акција или дигитална валута, па неопходноста од развој на вакви операции е силно присутна во банкарскиот сектор. Од друга страна дигитализицијата исто така помага за извршување безбедни трансакции и во управувањето со дебитни и кредитни картички.
    4. Менаџирање со ризик. Категоријата ризик во банкарското работење е максимално ангажирана во секојдневното работење. Кај традиционалните банки, кредитирањето е најчест извор на приход и притоа неминовно е воспоставување на систем за детекција на неадекватни клиенти. Со дигиталната трансформација, се следи не само кредитната анализа пред одобрување на пласманот, туку и начинот на однесување при исплата на месечните ануитети, детектирање на одредени промени и прилагодувања кои може да се направат за времетраењето на кредитот и одржување на клиентот во состојба на редовност.
    5. Усогласеност на прописите (compliance). Софтверските производи базирани на вештачка интелигенција активно се користат од страна на банкарските тимови задолжени за услогласеност на работењето со правилата и прописите. Регулативата во индустријата е на највисоко можно ниво и оттаму неопходна е брза и ефективна примена на нововоспоставените правила. Исто така преку развиената мрежа на информации брзо се стига до откривање на сопственичката структура на различни интернационални компании, следење на листа на криминални групи и поединци и имплементација на меѓународни процеси поврзани со законски измени и поддршка во борба против финансиски криминал.

    Ова се само дел од процесите во банкарското работење каде се применуваат новите дигитални процеси. Примената на дигитализацијата нема да запре со завршување на пандемијата. Напротив, уште повеќе ќе се забрза нејзината имплементација. Она што е реален проблем во сите земји во развој е капацитетот на луѓето за користење на новите банкарски услуги. Иако за многумина користењето на мобилна апликација е секојдневност, сепак треба да имаме во предвид дека има голем број на луѓе кои воопшто немаат пристап до интернет. Дали новото време ќе донесе дигитална дискриминација или порастот на животниот стандард ќе биде катапултиран со многу поголема брзина, останува да видиме…

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично