ПОВЕЌЕ

    НОВА КАМПАЊА НА ВИНЧИНИ И СОС ДЕТСКО СЕЛО: Ти грицкај “ROCKY”, Винчини донира

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата Макпрогрес од Виница, ја продолжува својата традиција на организирање хуманитарни кампањи, информираат од компанијата. Овојпат нејзиниот бренд Винчини донира за СОС Детско Село, преку купување на нивниот производ, грицките “ROCKY”. Со секоја купена 250-грамска кесичка од “ROCKY”грицките, дел од средствата се донираат на СОС Детско Село.

    Како една од најголемите прехранбени компании на Балканот, Макпрогрес повеќе години ја гради својата позиција на општествено одговорна компанија при што еден од нејзините фокуси е континуирана поддршка на мисија на СОС Детско Село, а таа е „Топол дом и грижа за секое дете“. Како семејство се приспособуваме на променливата општествена и економска состојба и затоа традиционално креираме кампањи кои ќе ги сплотат производителите и купувачите за да заеднички ја поддржиме работата на СОС Детско село“, велат од Макпрогрес.

    Хуманитарната кампања со најновиот производ „ROCKY“ почна на 26 октомври и ќе трае до 26 декември оваа година.

    „Ги повикуваме сите потрошувачи да бидат дел од оваа кампања и заеднички да ја поддржиме мисијата на СОС Детско село: Топол дом и грижа за секое дете, и да растеме заедно со палетата на производи на ROCKY“, стои во повикот на компанијата.

    Производите „ROCKY“ на Винчини со хуманитарна ознака веќе се дистрибуирани низ продажните места во секој град и се достапни за сите купувачи да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на гордост и лична сатисфакција што им помагаат на тие што најмногу им треба.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично