ПОВЕЌЕ

    Нова дигитализација во ОКТА за уште поефикасна контрола на квалитетот на горивата

    Време зa читање: 3 минути

    ОКТА АД – Скопје продолжува со својата стратешка ориентација кон модернизација и дигитална трансформација, инвестирајќи во автоматизација на лабораториската опрема која е клучна за контролата и гаранцијата на квалитетот на горивата. По дигитализацијата на моторот за испитување и анализа на цетанскиот број на дизелските горива минатата година, лабораторијата го заврши процесот на дигитализација  и автоматизација и на моторот што се користи за испитувања и анализи на квалитетот и перформансите на Еуросупер нафтените деривати, односно за одредување на истражниот октански број на бензините. Со ова лабораторијата на ОКТА ја подигна својата функционалност на уште повисоко ниво.

    Станува збор за прецизна, компјутерски управувана опрема, која овозможува поефикасно и поконзистентно мерење на октанскиот број кај бензините, согласно водечките меѓународни стандарди во оваа област. Новиот дигитализиран систем автоматски ги  контролира критичните параметри, како што се соодносот воздух-гориво и времето на палење, со што значително се скратува времето на тестирање а се минимизира можноста за човечка грешка​.

    „Со оваа надградба добивме повисок степен на доверливост и конзистентност на резултатите од тестирањата, што е од суштинска важност за нашата компанија, за сите корисници на услугите на нашата лабораторија и се разбира за крајните потрошувачи. Дополнително, дигиталното складирање на податоците ни овозможува едноставна анализа, следење на трендовите и споредба на резултатите со претходни испитувања. Дигитализацијата за проверка и на цетанскиот и на октанскиот број на горивата, ја потврдува амбицијата нашата лабораторија да биде синоним за комплетна и сигурна контрола на квалитетот на горивата кои што се нудат на пазарите каде што ОКТА функционира“, изјави Евгенија Димоска – Менаџер на инспекциска контрола во ОКТА АД – Скопје.

    Двата дигитализирани мотори, за проверка на квалитетот и на дизелот и на бензинот, се дел од првата акредитирана лабораторија во земјава за ваков тип испитувања, која работи според највисоки европски и американски стандарди.

    Oваа инвестиција е уште една потврда за заложбите на ОКТА кон одржување највисок стандард во работењето а особено кога станува збор за редовна контрола на квалитетот на горивата на сите бензински станици во земјата, што е исклучително важно за потрошувачите и придонесува за заштитата на животната средина и намалувањето на загадувањето во целина. Токму таква редовна контрола на квалитетот и количината на гориво на бензинските станици со брендот ОКТА, компанијата спроведува цели 10 години во континуитет, преку специјализираната програма – Гаранција ОКТА.

    Освен горивата кои што компанијата ги дистрибуира на домашниот и регионалните пазари, во лабораторијата на ОКТА се тестираат и примероци од горива на други увозници, дистрибутери и продавачи на горива од земјава и странство, на производители и увозници на возила, како и за потребите на државните институции, како што се Царинска управа, Државниот пазарен инспекторат и други.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично