Кога станува збор за електричните возила , Норвешка е на врвот во класата. Електричните возила сочинуваат 94,3 отсто од регистрациите на нови автомобили, соопшти Норвешката федерација за патишта (OFV). Ова е нов светски рекорд, покажа статистиката, додека продажбата во остатокот од Европа стагнира.
Засилени со Tesla Model Y, кој учествуваше со 18,8 отсто од продажбата, и во помала мера со Kona на Hyundai и Leaf на Nissan, електричните возила сочинуваат 94,3 отсто од регистрациите на нови автомобили, соопшти (OFV).
Норвежаните купиле 10.480 нови електрични возила во август, со што вкупниот број од почетокот на годината достигна 68.435.
На друго место во Европа високите цени и недоволната инфраструктура ја попречија продажбата на електричните возила, додека продажбата на хибридни модели, кои комбинираат мотори со фосилни горива со електрични батерии, се зголеми.
Скандинавската земја, голем производител на нафта и гас, постави цел да продава само возила со нулта емисија до 2025 година, 10 години пред целта на ЕУ.
Земјата нуди великодушни даночни поволности што ги прават електричните модели со конкурентни цени.
„Ниту една земја во светот не се приближува до Норвешка во трката со електрични автомобили“, рече директорот на OFV Ојвинд Солберг Торсен во изјавата.
„Ако овој тренд продолжи, наскоро ќе бидеме на пат да ја постигнеме нашата цел за 100 проценти автомобили со нулта емисија до 2025 година“, рече тој.
За споредба, електричните автомобили претставуваа 12,1 отсто од продажбата на нови автомобили во ЕУ во јули, зад бензинските автомобили со 33,4 отсто, целосните хибриди со 32 отсто и дизел автомобилите со 12,6 отсто, според Европската асоцијација на производители на автомобили.
(Фото: Reuters)