ПОВЕЌЕ

    Нова членка на Македонска берза – Халк банка овластен учесник на пазарот на капитал

    Време зa читање: 2 минути

    Македонска берза наскоро ќе има 11 членки. Се придружува Халк банка. Иако не спомена за кого се работи, главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, од Охрид, каде што се одржува 23 годишна конференција, објави дека се зголемува берзанското друштво.

    „По подолго време конечно ќе имаме нова членка на Берзата, а кај една од постојните, по се судејќи, почнува процес на квалитативна сопственичка трансформација. Тоа ќе ја зајакне конкуренцијата што е по default добро. Се надеваме дека финансиските посредници нема – како во 2007 – да го гледаат само краткорочниот профит и да не мислат на идниот развој. На нашиот пазар, за навистина да влезе во нова етапа, му требаат сериозно поголеми и подиверсифицирани финансиски посредници. Само така и ние ќе добиеме прво ИПО и ЕТФ, компаниски анализи и инвестициски препораки, поразвиен weаlth management, corporate advisory…“,  наведе Штериев.

    Новоста е дека Халк банка ќе врши услуги поврзани со хартии од вредност. За тоа доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност и стана овластен учесник на пазарот на капитал.

    Решението КХВ го донесе во јули. Тогаш, освен дозвола за вршење услуги со хартии од вредност, одобрение за период од една година доби и раководителот на тоа одделение во Халк банка, Миленко Ѓошевски.

    Познато е, членки на Берзата се Еурохаус, Илирика Инвестментс, Инвестброкер, Иново брокер, Комерцијална банка, НЛБ банка, Стопанска банка Скопје, ТТК банка, Фершпед брокер и Шпаркасе банка.

    М.А.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично