ПОВЕЌЕ

    Ноќ на ѕвездите во Манаки: Финтек групацијата МИНТ ги прогласи најдобрите

    Време зa читање: 3 минути

    Битолското кино Манаки, локација која асоцира на првите кинематографери на Балканот и големите филмски приказни, беше сведок на еден поинаква успешна приказна од корпоративниот свет. Прослава на извонредноста во Финтек групацијата МИНТ која во блескав приказ на благодарност го организираше годишниот настан на компанијата за прогласување на најдобрите.

    Тоа беше церемонија на која Никола Јошевски, генерален директор на Финтек групацијата МИНТ лично им подари статуетки и дијаманти на најдобрите вработени, како симбол на посветеноста и резултатите.

    „Вечерва ги доделуваме овие симболи на извонредност, не само за работата што сте ја постигнале, туку и за иновациите што ги имплементирате, предизвиците со кои се движите и визијата што ја споделувате со групацијата. Овие награди се одраз на вашата брилијантност„ – истакна Јошевски во обраќањето.

    Наградите ги добија Андреј Романски – за најкреативна личност на годината, Софија Јошеска – за личност на годината од секторот за продажба, Емилија Макаловска – back office личност на годината, во категоријата “Нови ѕвезди” наградени беа Пеце Петковски, Ирена Пердуловска, Ангела Димовска, Весна Ѓоргиев и Филип Палашовски, а Фросина Аневска – беше прогласена за најомилена колешка на годината. Кристина И. Блажевска ја понесе титулата на најуспешен менаџер на годината. А дијаманти за 5-години во комапнијата добија Ивана Талевска и Валдета Мусаи.

    Вечерта не беше само прослава, туку реафирмирање на посветеноста на Финтек групацијата МИНТ за извонредност и иновации, особено во трансформативната фаза на ребрендирање.

    Како што старата комапнија влегува низ трансформација и се појавува со нов идентитет, овој настан беше повеќе од прослава – покажувајќи дека овој тим е повеќе од обична компанија.

    „Заедно, не поставуваме само одредници – ние создаваме констелации што ја водат индустријата напред“ – истакна на крај во своето обраќање до присутните Јошевски.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично