ПОВЕЌЕ

    Нобеловецот Пол Кругман ги нарече криптотовалутите „голема измама“

    Време зa читање: 3 минути

    Колумнистот на Њујорк Тајмс и добитникот на Нобеловата Награда за економија, Пол Кругман, ги означи криптовалутите како „измама“ во текст објавен во понеделникот. Во колумната, насловена како „Од Големиот Кусок до Големата Измама“, ги споредува криптовалутите со балонот за домување и големата хипотекарна криза во САД од 2008 година што придонесе за големата рецесија.

    „Се сеќавате ли на „Големиот Кусок“ (The Big Short)’, прашува Кругман во својата колумна, „книга и филм кои ја раскажуваат приказната за неколкумина инвеститори кои се обложија околу претпоставката дека огромниот пораст на цените на становите во годините пред глобалната финансиска криза во 2008 година бил надуван балон, и дека многу од навидум софистицираните финансиски инструменти кои помогнаа да се надува домувањето на крајот ќе се разоткријат како безвредно ѓубре“.

    „Иако постоеше јасен доказ дека цените на становите се надвор од нормалата, беше тешко да се поверува дека тие би можеле да бидат толку далеку од нормалата“, напиша тој. „Едноставно не изгледаше веродостојно дека пазарите, и конвенционалната мудрост која вели дека пазарите се во ред, може да биде толку погрешна“, се сеќава Кругман. „Но, тие беа. Што нè доведува до сегашната состојба на крипто“.

    Кругман истакна дека, според Федералната Трговска Комисија на САД, крипто се користи за измама и ја доведе во прашање неговата корисност во реалниот свет. „Минатата недела Федералната Трговска Комисија објави дека „криптовалутата брзо станува избор за плаќање за многу измамници“, што претставува „околу еден од секои четири долари пријавени изгубени поради измама““, објави тој. „Со оглед на тоа колку мала улога игра криптовалутата во обичните трансакции, тоа е импресивно“, продолжи тој.

    Тој потсети дека бил на состаноци во врска со криптовалутите на кои „скептиците“ изразувале загриженост за вистинската цел на производот и што прават „а што не може полесно да се направи со поконвенционални средства за плаќање“. „Тие исто така прашуваат зошто, ако криптото е иднината, Биткоин – кој беше воведен во 2009 година- допрва треба да најде значајна употреба во реалниот свет“, продолжи тој и се запраша дали има „легитимни апликации“ на крипто покрај незаконските активности.
    „Сепак, сугерирањето дека крипто нема смисла се спротивставува на факторот на недоверливост“, призна Кругман.

    „Звучи екстремно и неверојатно да се сугерира дека класата на имот што станала толку голема, чии промотори стекнале толку политичко влијание, би можела да нема вистинска вредност – дека тоа е куќа изградена не на песок, туку на ништо, напиша Кругман. „Но, се сеќавам на балонот за домување и на хипотекарната криза. И ако ме прашате мене, изгледа како да сме преминале од Големиот Кусок кон Големата Измама“, заклучи тој.

    Претседателот Џо Бајден нареди широк преглед на криптовалутите и студија за издавање дигитална валута на централната банка, која би се водела преку Федералните Резерви ФЕД. Дигиталните валути кои треба да ги издаваат централните банки не се криптовалути, туку се развивани од земји, како Кина, делумно како одговор на нив.

    Критичарите на извршната наредба на Бајден тврдат дека дигиталниот долар ќе доведе до губење на слободата бидејќи ќе ја овласти владата да ја следи секоја трансакција, полесно да ги замрзне имотите на луѓето и да воспостави социјален кредитен систем.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично