ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка со важно известување за своите деловните соработници

    Време зa читање: 2 минути

    На 09 Ноември 2020 година во Службен весник бр.267, донесен е Законот за измена и дополнување на законот на додадена вредност, во делот на електронска фактураСогласно истиот, за електронска фактура ќе се смета и фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат) која ги содржи сите пропишани елементи на фактурата и е доставена по електронски пат до примателот на прометот. Законот ќе биде во примена до 31 Декември 2021 година.

    Ве замолуваме како наш соработник, а согласно законските одредби, доколку сте одлучиле за издавање на фактура во електронска форма да доставите до Банката:

    • Известување за издавање на фактура во електронска форма, на маил адресата: [email protected] (во известувањето наведете од кои маил адреси ќе бидат испраќани ваквите фактури, доколку не е наведено ќе сметаме дека тоа е адресата од која е испратено известувањето).

    Деловните партнери кои ќе го изберат ваквиот начин на достава на фактурите, не треба да доставуваат фактури во хартиена форма до Банката во периодот на важење на оваа одредба од Законот.
    Важно: НЛБ БАНКА АД Скопје ќе ги прима електронските фактури единствено на е-маил адреса [email protected]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично