ПОВЕЌЕ

    Кој повторно ја спречи НЛБ да исплати дивиденда?

    Време зa читање: 4 минути

    Зошто акционерите на НЛБ не ја усвоија одлуката за дивиденда која самите ја предложија?

    Дали по втор пат подлегнаа на притисоците од НБРСМ? Ако да, зошто тогаш НБРСМ и дозволи на Комерцијална Банка и на ТТК Банка во екот на кризата да исплатат дивиденда? Кој го пишмани мнозинскиот акционер?

    НЛБ Банка, одржа вонредно собрание со цел да помине одлуката за исплата на дивиденда. Иако иницијатор на тоа собрание беше НЛБ Банка, сепак истите тие, или мнозинскиот акционер гласал против предлогот за исплата на дивиденда на акционерите.

    Најверојатно од централата од Љубљана, ја прифатиле сугестијата од нашата Народна банка која пред еден месец повторно соопшти компаниите да се воздржат од поделба на дивиденда во овие специфични економски услови.

    Големите планови и очекувања за солидна дивиденда од НЛБ Банка, ќе почекаат некои други подобри времиња.

    НЛБ Банка денеска на информацискиот берзански систем СЕИ НЕТ објави дека мнозинството акционери гласале против предлозите за употреба на акумулираната добивка и последователно гласале против и предлог одлуката за утврдување на висината на износ за дивиденда по акција.

    Ова значи дека НЛБ Банка нема да подели дивиденда во износ од 27,4 милиони евра како што беше предложено и ставено на дневен ред на последното акционерско собрание. Откако најголемиот акционер односно банката – мајка НЛБ Љубљана одлучи да гласа против предлогот овие средства на скопската НЛБ остануваат да бидат акумулирана добивка и понатаму.

    Во прилог повеќе детали:

    НЛБ Банка преку Македонска берза известува за следната ценовно чувствителна информација:

    НЛБ Банка АД Скопје на ден 30.11.2020 година одржа Собрание на акционери, со следните предлог-одлуки од Дневниот ред:

    1. Избор на претседавач на Собранието;
    2. Избор на записничар и бројач на гласови на Собранието;
    3. Предлогодлука за употреба на акумулирана добивка на НЛБ Банка АД Скопје;
    4. Предлог-одлука за утврдување висина на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година;
    5. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје;
    6. Предлог-одлука за измена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје;
    7. Предлог-одлука за усвојување пречистен текст на Деловникот за работа на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје
    8. Информација за поднесена оставка од член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје
    9. Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

    По однос на предлог-одлуките на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје беа донесени следните одлуки:

    1. Избор на претседавач на Собранието; – усвоена со потребното мнозинство на гласови и објавена на Сеи-нет
    2. Избор на записничар и бројач на гласови на Собранието; – усвоена со потребното мнозинство на гласови и објавена на Сеи-нет
    3. Предлогодлука за употреба на акумулирана добивка на НЛБ Банка АД Скопје;- не е усвоена со потребното мнозинство на гласовиодносно мнозинството акционери гласаа против и не е објавена на Сеи-нет
    4. Предлог-одлука за утврдување висина на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година; не е усвоена со потребното мнозинство на гласовиодносно мнозинството акционери гласаа против и не е објавена на Сеи-нет
    5. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје; – усвоена со потребното мнозинство на гласови и објавена на Сеи-нет
    6. Предлог-одлука за измена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје; – усвоена со потребното мнозинство на гласови и објавена на Сеи-нет
    7. Предлог-одлука за усвојување пречистен текст на Деловникот за работа на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје- усвоена со потребното мнозинство на гласови и објавена на Сеи-нет
    8. Информација за поднесена оставка од член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје – оваа точка од дневниот ред не е предмет на гласање
    9. Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје- усвоена со потребното мнозинство на гласови и објавена на Сеи-нет

    Резултатите од поединечното гласање по однос на секоја одлука се достапни на интернет страната на Банката согласно обврската која произлегува од одредбите од Законот за трговските друштва.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично