ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка дава поддршка за рекламирање на микро и малите претпијатија, но потребно е да се исполнат неколку услови

    Време зa читање: 2 минути

    Што е тоа „НЛБ Рамка за помош“?

    „НЛБ Рамка за помош“ е проект на НЛБ Банка за поддршка на микро и мали бизниси кои поради актуелната пандемија, предизвикана од вирусот COVID-19, се наоѓаат во незавидна ситуација. Со цел да им се помогне на овие компании НЛБ Банка овозможува бесплатен рекламен простор со цел заживување на бизнисите и помош за надминување на последиците од кризата во периодот од 1.09.2020 до 31.12.2020 година. Бесплатниот рекламен простор е наменет за правни лица кои ги исполнуваат критериумите за давање поддршка за рекламирање согласно правилата на проектот „НЛБ Рамка за помош“.

    Во рамките на проектот правните лица ќе можат да користат некои од следниве рекламни активности: – Отстапување рекламен простор на телевизиите – Отстапување рекламен простор во печатени медиуми – Отстапување рекламен простор– билборди – Отстапување рекламен простор – веб банери – Промовирање на социјални мрежи За секое правно лице кое ќе биде избрано во рамките на овој проект, Банката ќе подготви соодветен рекламен пакет. Рекламниот пакет ќе содржи комбинација на горенаведените медиуми и канали за рекламирање. Рекламите од рекламниот пакет ќе се прикажуваат во одреден временски интервал во периодот од 1.09.2020 година до 31.12.2020 година.

    Кои се условите за да аплицирате за проектот „НЛБ Рамка за помош”?

    Може да аплицираат сите правни лица кои ги исполнуваат следниве критериуми: Самостојни трговци, микро и мали компании, со регистрирана канцеларија или постојан престој во Р. Северна Македонија; – Kлиенти на НЛБ Банка АД Скопје. Доколку заинтересираното правно лице сè уште не е клиент на НЛБ Банка АД Скопје, потребно е да отвори трансакциска сметка во Банката пред одобрување на медиумската поддршка. Секое правно лице има право да поднесе само една апликација за добивање на медиумска поддршка.

    До кога е рокот за пријавување?

    Периодот за достава на апликациите е од 24.07.2020 година до 10.08.2020 година.

    Како се аплицира?

    Кандидатите можат да ги достават своите апликации исклучиво преку формуларот достапен тука, во следниот период: од 24.07.2020 до 10.08.2020 година.

    Дополнителни прашања?

    Кандидатите може да испратат дополнителни прашања во врска проектот „НЛБ Рамка за помош“, најдоцна до крајот на рокот за пријавување на е-маил: [email protected]

    Прочитајте ги целосно правилата тука.

    За повеќе информации кликнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично