ПОВЕЌЕ

    НЛБ известува за предвремена исплата на пензиите

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 28 – ми јули (вторник).

    Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28 – ми јули пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 28 – ми до 31 – ви јули и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

    • На 28.07.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
    • На 29.07.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
    • На 30.07.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
    • На 31.07.2020 (петок) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично