НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека паричната помош од социјална заштита ќе ја исплати на 6- ти ноември (петок).
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 6.11.2020 година , клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:
– 6 ноември (петок) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 9 ноември (понеделник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 10 ноември (вторник) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Дополнително, средствата за корисниците на цивилна инвалиднина и парични права од детска заштита, борци и инвалиди, бегалци и азиланти ќе бидат достапни од 04.11.2020 година на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:
– 4 ноември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 5 ноември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 6 ноември (петок) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
При посета на експозитура, Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.