По повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација денеска ги додели признанијата на Најдобрите шалтерски работници за 2020 година.
Оваа година од НЛБ Банка признание за Најдобри шалтерски работници за 2020 година им беа доделени на:
- Зоран Стојановски – Благајник, вработен во експозитура Дирекција
- Катерина Гацовски – Банкарски комерцијалист во продажна мрежа, вработена во експозитура Битола
- Христијан Костевски – Банкарски комерцијалист во продажна мрежа, вработен во експозитура Кичево
При изборот во предвид беа земени повеќе критериуми, како што се: бројот и разновидноста на извршените трансакции, односот кон клиентите, колегите и останатите вработени во банката, како и работниот стаж и минатото искуство кое го имаат вработените во Банката.
НЛБ Банка им го честита признанието на колегите и силно верувама дека тие ќе бидат поттик и стимул за уште поголеми успеси во иднина.