ПОВЕЌЕ

    НЛБ Групацијата ја зајакнува својата позиција во регионот: НЛБ Склади влегуваат на македонскиот пазар

    Време зa читање: 3 минути

    НЛБ Групацијата и нејзината компанија членка НЛБ Склади, која на клиентите им нуди услуги за управување со средства, испишуваат нова регионална приказна. НЛБ Склади, управување со средства д.о.о. склучи купопродажен договор со компанијата Генерали инвестментс за купување на мнозинската сопственост на компанијата Генерали инвестментс АД Скопје. Завршувањето на трансакцијата се очекува во првата половина на следната година.

     „Северна Македонија е еден од стратешки најважните пазари за НЛБ Групацијата. НЛБ Банка Скопје е трета по големина банка во Групацијата во однос на вкупната актива, која има системски важна улога, со пазарен удел од повеќе од 16% мерено според актива и над 20% удел на кредити и депозити кај населението, соодветно. Од друга страна, гледаме многу можности за раст. Затоа веќе имаме основано лизинг компанија во Северна Македонија пред речиси една година и сега го комплетираме нашето портфолио со услуги за управување со средства“. – истакнува Извршниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак.

    „Во НЛБ Групацијата веруваме во развојот на инвестициски производи во регионот на Југоисточна Европа. Северна Македонија е особено интересна во овој поглед. Од една страна, пенетрацијата на инвестициските производи е многу мала, а од друга страна, пазарот е доволно развиен и подготвен за ваква понуда. Затоа гледаме многу можности за раст“, изјави Лука Подлогар, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Склади. „По завршувањето на трансакцијата, на клиентите ќе им понудиме пристап до инвестициски производи во мрежата на експозитури на НЛБ Банка Скопје и истовремено ќе ја прошириме тековната продуктна понуда.“ –  додаде тој.

    „Оваа година, Генерали инвестментс Словенија воведува нова стратегија за управување со средства во својот бизнис модел во регионот на Централна и Источна Европа, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на услугите за инвеститорите. Задоволни сме што нашата подружница, Генерали инвестментс АД Скопје, која е основана во 2008 година под покровителство на КД Фондови, станува дел од НЛБ Групацијата, со која тесно соработувавме во Северна Македонија“. – истакнува Претседателката на УО на Генерали инвестментс Словенија, Мелита Рајгељ Озебек.

    НЛБ Склади е најголемата компанија за управување со заеднички фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Компанијата ја одржува својата водечка позиција на пазарот долги години и постојано остварува најголем удел од приливите, а воедно е компанија на која и веруваат голем број Словенци.

    Генерали инвестментс АД Скопје е трето по големина друштво за управување со инвестициски фондови на македонскиот пазар, со пазарен удел од 18%. Компанијата управува со приближно 37 милиони евра средства на клиентите во 4 различни инвестициски фондови (два акциски, еден паричен и еден комбиниран).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично