ПОВЕЌЕ

    НЛБ Групацијата оствари нето добивката од 73,7 милиони евра во првата половина на 2020 година.

    Време зa читање: 2 минути

    Во првата половина од годинава, НЛБ Групацијата оствари нето добивка од 73,7 милиони евра, што е за 22% помалку во однос на истиот период лани.

    Иако бизнисот во првите шест месеци го обележа епидемијата „ковид-19“,надзорниот одбор утврдил дека групацијата работела стабилно и профитабилно, и покрај формирањето на редукциите и провизиите, објави НЛБ.

    Во првите шест месеци НЛБ Групацијата остварила нето приходи од 260 милиони евра, што е исто како и во првата половина од минатата година, и скоро непроменета добивка пред намалувањето на вредноста и провизиите во износ од 115,2 милиони евра, што претставува намалување од еден процент споредено со истиот период лани.

    Оштетувањата и провизиите во првото полугодие изнесувале 33,2 милиони евра, наспроти 5,5 милиони евра во истиот период претходната година.

    Негативното влијание е делумно компензирано со еднократна продажба на должнички хартии од вредност во износ од околу 330 милиони евра, што имаше позитивно влијание врз работењето на Групацијата во износ од 17,2 милиони евра, и успешната продажба на НЛБ Вита во вториот квартал со придонес од 11 милиони евра.

     

    Прочитај и: Колкава добивка прокнижи НЛБ Банка Македонија

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично