East Gate и НЛБ Банка АД Скопје денеска ќе потпишат договор за најголемиот синдициран заем во земјава од 72 милиони евра. Лидер на заемот е НЛБ Банка АД Скопје, а останати банки учесници се НЛБ д.д. Љубљана, Комерцијална банка АД Скопје, Raiffeisen Bank Албанија и Халк банка АД Скопје.
Пред присутните ќе се обратат генералниот извршен директор на East Gate, Игор Давков и претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир.
За време на церемонијата на потпишувањето ќе учествуваат и претставници на останатите банки кои се дел од овој проект: Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управен одбор на Комерцијална банка Скопје, како и Билал Суџубаши, генерален извршен директор на Халк Банка Скопје.
Настанот ќе се одржи на градилиштето на трговскиот центар East Gate според сите Kовид протоколи.