ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка со понуда за клиентите кои имале активна трансакциска сметка во Еуростандард Банка

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка АД Скопје, на сите клиенти физички лица, кои имале активна трансакциска сметка во Еуростандард Банка АД Скопје и примале плата и пензија им нуди можност за брз и едноставен пренос на истата во НЛБ Банка.

    Како општествено одговорна компанија Банката ќе се погрижи да излезе во пресрет на потребите на засегнатите граѓани со цел полесно да ја надминат ситуацијата која неочекувано ги затекна.

    Клиентите кои ја примале својата плата или пензија во Еуростандард банка, ќе можат да отворат трансакциска сметка во НЛБ Банка и да ја префрлат својата плата/пензија само со достава на важечки документ за лична идентификација. Исто така, за пензионерите се нуди единствена можност за достава на пензијата на домашна адреса.

    Банката во својата понуда има посебни пакет продукти, при што за клиентите приматели на пензија на располагање е Сребрениот пакет, додека клиентите приматели на плата можат да го користат Виолетовиот пакет. Во рамките на пакетите клиентите имаат можност да користат дозволено пречекорување на трансакциска сметка, со можност за пречекорување до 2 пензии односно 2 плати, како и кредитни картички Visa и Mastercard без членарина за користење за првата година (со лимит до 3 пензии односно 3 плати распределени на сите кредитни картички по желба на клиентот, како и бесплатни дополнителни картички).

    Воедно, клиентите приматели на плата и пензија имаат на располагање широка палета на кредити со поволни услови и каматни стапки, со можност за рефинансирање на постоечки кредити, согласно нивните можности и потреби, како и депозитни продукти со поповолни каматни стапки.

    Со цел поголема достапност на сите банкарски продукти и услуги на располагање се НЛБ мКлик мобилното и НЛБ Клик eлектронското банкарство, како и можност за користење на трајни налози за плаќање на редовни месечни трошоци, обврски по основ на картички, кредити и слично.  Исто така, Банката располага со широка мрежа на експозитури низ земјата како и банкомати достапни 24/7 за подигнување на готовина, но и дополнителни услуги за сите иматели на платежни картички, како што се: уплата на готовина, плаќање на сметки или припејд надополнување.

    Повеќе информации клиентите можат да добијат на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично