ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА ПОЧНУВА СО ИСПЛАТА НА ПАРИЧНА ПОМОШ од социјална, детска и цивилна заштита

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка на 6.8.2025 година (среда) започнува со исплата на парична помош од социјална, детска и цивилна заштита.

    Kлиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:

    • 06 – ти август (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
    • 07- ми август (четврток) – М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш     

    Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично