ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА: ОД 28-ми МАРТ ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА ПОДИГНАТ СВОЈАТА ПЕНЗИЈА на банкоматите на НЛБ Банка во секое време

    Време зa читање: 2 минути

    НЛБ Банка ги информира своите ценети клиенти пензионери дека, исплатата на пензии на благајна во експозитурите на банката и на банкоматите, се планира да почне од денес, 28-ми март (вторник).

    Во насока на подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28-ми март пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед, потенцираат од банката.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите е креиран согласно висината на пензијата и тоа: 

    • 28 – ми март  (вторник) 2023 година, пензии со висина до 11.000 денари
    • 29 – ти март (среда) 2023 година, пензии со висина 11.001-14.000 денари
    • 30 – ти март (четврток) 2023 година, пензии со висина 14.001-18.000 денари
    • 31 – ви март (петок) 2023 година, пензии со висина над 18.001 денари.

    Ги потсетуваме клиентите дека имаат можност да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично