ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка: Нов субординиран заем од 10 милиони евра за зајакнување на капиталот

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка склучила нов договор за субординиран заем во износ од 10 милиони евра со Нова Љубљанска банка д.д. Љубљана, односно со својот доминантен акционер кој поседува 86,97 отсто од акциите.

    „НЛБ Банка АД Скопје информира дека реализираше нова трансакција со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана врз основ на склучен нов Договор за Субординиран заем во износ од 10 милиони евра“, извести Банката преку Македонска берза.

    Притоа, се додава дека „инструментот се квалификува како дополнителен капитал (Tier Il capital) на Банката“.

    Tier II капиталот претставува дополнителен капитал кој банките го користат за да ја зголемат својата отпорност и сигурност. Тој е дел од регулаторните барања за адекватност на капиталот и е важен за довербата кај депонентите, инвеститорите и регулаторот.

    Воедно, според Годишниот извештај за 2024 година, Банката предвреме го отплатила претходниот субординиран заем од 19 милиони евра и склучила нов договор за 10 милиони евра, што претставува дел од стратегијата за оптимизација на капиталната структура.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично