Акционерите на НЛБ банка ќе поделат дивиденда од 2.217.142.356 денари или над 36 милиони евра. Акцијата носи по 2.596 денари. Исплатата ќе почне на 25 јуни. Одлуките се донесени на акционерското Собрание.
Овие средства се издвоени од добивката што лани ја оствари Банката, од над 53,6 милиони евра.
Последен ден за тргување со право на дивиденда е 10 јуни. Листата на акционерите кои на своите сметки ќе ги добијат парите од дивидендата ќе се утврди со датум од 12 јуни, а ќе биде потврдено со изводот на акционерската книга од Централниот депозитар за хартии од вредност.
НЛБ Банка вкупно има издадено 854.061 обична акција.
Делови од добивката се распоредени и за инвестициски вложувања – 3,75 милиони евра и за општиот резервен фонд – 13,4 милиони евра.