НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека гарантираната минимална помош- гмп ќе ја исплати на 3.12.2020 (четврток), додека останатите права од социјална и детска заштита ќе ги исплати на 7- ми декември (понеделник).
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од 3.12.2020- четврток, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од гарантираната минимална помош на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:
– 3 декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Воедно, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од останатите права за социјална и детска заштита од 4.12.2020– петок на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката исто така ќе се реализира согласно определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:
– 7 декември (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
– 9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со цел заштита на здравјетo, препорачуваме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
При посета на експозитура, Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.