ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка донираше 50 илјади евра за поддршка на Министерството за здравство и Инфективната клиника во Скопје

    Време зa читање: 2 минути

     

    Со цел полесно справувањето на нашата земја со пандемијата предизвикана од коронавирусот, НЛБ Банка АД Скопје реализираше донација од 50 илјади евра, како првична парична помош за поддршка во напорите на надлежните институции во справување со состојбата со COVID-19.

    Дел од средствата од донацијата, односно 20.000 евра се искористени за набавка на медицински кревети за ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје со цел опремување на полуинтензивната нега и зголемување на капацитетот на пациенти кои може да бидат третирани за време на борбата со пандемијата. Останатите 30.000 евра се наменети за отворената донаторската сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија како директна финансиска помош за набавка на стоки, добра и услуги кои се потребни за заштита на населението од коронавирусот.

    Преку оваа финансиска помош Банката ќе даде свој придонес заеднички побрзо и полесно да се надмине една од најголемите светски здравствени кризи, како и да им се олесни на медицинските работници да ги извршуваат своите задачи.

    Општествената одговорност на компаниите и воопшто на поединците во услови на пандемија се исклучително важни. Како општествено одговорна компанија имаме за цел да одговориме на предизвиците кои ни ги наметна оваа пандемија и да го олесниме справувањето со последиците од истата. Преку оваа финансиска помош даваме мал придонес и помагаме на оние на кои им е најпотребно. Ние сме Банка чие срце и разум се тука заедно со Вас и затоа ќе сториме сè што е во наша моќ, со заеднички напори да се справиме со оваа ситуација. Во ова сме сите заедно и борбата е заедничка.“, изјавија од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично