ПОВЕЌЕ

    Ниту една петтина од рударите за криптовалути не знаат што всушност прават

    Време зa читање: 3 минути

    Kрипто-почетниците не истражуваат долго пред да започнат со рударство или да инвестираат во биткоин, открива неодамнешното истражување на софтверската компанија Кардиф.

    Податоците собрани од 750 инвеститори во истражувањето спроведено од 5 до 12 февруари, во период во кој цената на еден биткоин порасна од 37 000 на 47 000 УСД, покажува дека само 16,9 проценти од инвеститорите кои ја купиле оваа дигитална монета „целосно ja разбираат“ вредност и потенцијал на криптовалутата, додека 33,5 проценти од купувачите или не знаат ништо за оваа област или нивното ниво на знаење е „во зачеток“. Сепак, недостатокот на знаење или разбирање не ги спречува да ја купат виртуелната валута.

    Истражувањето открива дека повеќе од 40 проценти од сите набавки на крипто доаѓаат од нови инвеститори. Ова делумно се должеше на растечкиот тренд на прифаќање на биткоинот како платежно средство. Во изминатите два месеци, и PayPal и компанијата за финтек Square, ја додадоа на нивните платформи за плаќање преку Интернет.

    Резултатите од истражувањето исто така покажуваат дека многу нови инвеститори во акцијата биле мотивирани од страв да не ја испуштат можноста за заработка. Повеќе од една третина од испитаниците истражувале дигитални валути помалку од еден месец пред да купат, а секој четврти купувач изјавил дека започнале со тоа во надеж дека ќе профитираат на краток рок.

    Обемот на инвестиции во криптовалути во јануари годинава беше 23 пати поголем отколку во 2019 година, според Кардиф, каде просечната сума на износот за купување се зголеми на 1.212 долари, во споредба со само 432 долари истиот месец во 2020 година.

    Излезот од овој вид инвестиции – тоа е продажба на крипто средства – учествуваше со 26,8 проценти во вкупните трансакции, што е намалување во споредба со учеството од 43,1 процент во 2019 година, кога еден биткоин вредеше нешто повеќе од 3.000 долари.

    Но, не само што метеорскиот пораст на биткоинот привлече нови инвеститори во крипто-сферата, туку и позитивните коментари на јавните личности играа улога.

    Од испитаните 750 инвеститори, нешто помалку од 180 изјавија дека гледаат попозитивно на Dogecoin и сега имаат поголема веројатност да ги вложат своите пари во него, благодарение на бројните твитови на извршниот директор на Тесла, Илон Маска и неговите 48 милиони следбеници.

    Всушност, твитовите на Маск за Dogecoin, кои потекнуваа од шега, помогнаа да се направи третата најпопуларна крипто валута меѓу испитаниците, од кои 8,0 проценти ја имаат таа валута. Bitcoin и ethereum, чија комбинирана пазарна капитализација е над еден трилион долари, сè уште се најпопуларни.

    Инвеститорите, сепак, немаат целосна доверба во крипто. Повеќе од половина од испитаниците се согласуваат во одговорот дека нивната најголема грижа е загубата на пари поради екстремната нестабилност на цените на виртуелните валути, заклучува извештајот на Кардиф.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично