Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, информираше министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски на својот Фејсбук профил.
Претходно, во декември минатата година овој договор во беше ратификуван и во македонското Собрание.
Со ова, како што нагласи министерот, се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
„Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери“, истакнува Николоски во својата објава.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани, додаде министерот за транспорт и врски.
Аналитика








