ПОВЕЌЕ

    Николоски: Го легализиравме охридскиот аеродром и почнуваме со реконструкција

    Време зa читање: 2 минути

    Следната недела ќе почнат работите за реконструкција на аеродромот „Св. Апостол Павле“, прва од неговата изградба. Освен тоа, охридскиот аеродром е легализиран, односно „внесен е на хартија“, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

    Во меѓувреме, се работи и на договор со Саудиска Арабија во делот на ависоообраќајот, па се очекува воспоставување директна линија меѓу двете земји, истакна Николоски во поткастот на ТВ Сител.

    „Веќе поминавме протокол за Договор со Саудиска Арабија, очекуваме во следните месец дена да го преговараме, да го потпишеме и да имaме директен лет од Саудиска Арабија до Скопје од еден од тамошните аеродорми. Следната недела почнуваме со реконструкција на аеродродмот во Охрид, прва реконструкција од тој тип од неговото градење. Инаку до скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас, но на хартија го немаше. Успеваме да го легализираме, што е срамно за државата да еден од двата аеродроми да го немаш на хартија. Тоа беше тежок процес затоа што треба да впишете цела инфраструктура. Но, тоа е завршено и следно е реконструкцијата што ќе донесе повеќе летови и патници и очекувам туристичкиот дел да се насочи таму, а бизнис делот да доаѓа во Скопје”, нагласи Николоски.

    Во овие година и половина, според Николоски, значително се развива ависообраќајот, при што го потенцира фактот дека досега се воспоставени 23 нови дестинации од домашните аеродроми што за Македoнија е огромно достигнување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично