Нигериската влада доби заем од 2,5 милијарди долари од Кина за финансирање на проект за национална железница.
Нигерискиот министер за транспорт Ротими Амечи за локалната телевизија изјави дека нигериската влада добила кредитни средства од Кина што ќе се користат за изградба на пруга што ќе ги поврзува градовите Лагос и Ибадан.
Тој посочи дека одлуката на владата за проширување на пругата кон пристаништето ќе донесе значителни економски придобивки за државата.
Нигерија веќе започна со обнова на пругата што ги поврзува најголемите градови на најнаселената африканска земја.
Ова е само еден од низата амбициозни проекти на нигериската влада за изградба на национална железничка мрежа што ќе придонесе за економска диверзификација на земја која е во голема мера зависна од продажба на сурова нафта.
Планирано е да се обноват околу 1.700 километри трошни железници.
Според податоците од 2019 година, вкупното население во Нигерија е околу 201 милиони.
Нигерија, најголемиот производител на сурова нафта во Африка, планира да произведе 1,86 милиони барели сурова нафта дневно во 2021 година по просечна цена од 40 долари за барел.