Стапката на невработеност во Германија се зголеми на 3,2 отсто во април, во однос на 3,1 отсто во претходната година, објави во вторникот статистичкиот орган Дестатис.
Во најразвиената европска економија, која веќе подолго време се соочува ео економски потешкотии има регистрирано 1,42 милиони невработени лица во земјата заклучно со април 2024 година, што е за 4,9% повеќе во однос на април 2023 година, исе стакнува во извештајот.
Бројот на вработени изнесува 45,8 милиони во април 2024 година.
„Во споредба со април 2023 година, бројот на вработени во април 2024 година е зголемен за 0,2 отсто или 110.000“, се додава.