ПОВЕЌЕ

    Нетрговските трансфери на најјако – во пет дена подарени 7.489 акции

    Време зa читање: 2 минути

    Подарени или добиени како наследство се 7.489 акции кои минатата недела ги забележала статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност. Акциите се издадени од 15 компании и од две банки. Во нетрговските трансфери ударни денови биле понеделник со 2.321 и четврток со 2.447 акции. За споредба, вкупниот број е за повеќе од петпати поголем од претходната работна седмица.

    Најбројни се акциите на „Македонски телеком“. Во три дена сопственоста е пренесена кај 2.920 акции. Во понеделник 1.130, во среда 1.221 и во четврток 569 обични акции.

    Исто така, во три наврати – во вторник, среда и петок, се евидентирани преносите на хартии од вредност издадени од Комерцијална банка. Прво 200, па 525 и 46, или вкупно 771 обична акција.

    На двапати, пак, се трансферирани акциите на „Тетекс“ и на „Гранит“. Тетовските се вкупно 1.180, а распоредени се – понеделник 82 и во петок 1.098. Градежничките се нотирани во вторник 324 и во петок 116, односно тотал 440 обични акции.

    Во текот на првиот минатонеделен работен ден, податоците објавени на Македонска берза покажуваат дека низ процесот на нетрговските трансфери минале 555 акции на РЖ „Техничка контрола“, 307 на „Макстил“, 121 на „Технокомерц“ АД Скопје. Исто така, забележани се и кавадаречките 71 на ВВ „Тиквеш“ и 26 на ГД „Тиквеш“, како и 15 на скопски „Уготур“ и 14 обични акции на РЖ „Интер-Трансшпед“.

    Во средата, денот кога се трансферирани најголем број хартии од вредност, освен оние што се повторуваат се и 687 акции на „Македонијатурист“ и 14 на ГТЦ АД Скопје.

    Четвртокот бил „најслаб“ ден со само 863 акции, меѓу кои се и емитуваните од двете скопски фармацевтски компании – 289 на „Алкалоид“ и пет на „Реплек“.

    Во текот на последниот работен ден, покрај „повторувачите“ се запишани и акциите на ТТК банка, 51 на број и 23 на „Фершпед“. Всушност, нетрговските трансфери извршени во петокот се со вкупно 1.334 акции, или за две помалку од оние 1.336 забележани како краен исход од претходната недела.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично