ПОВЕЌЕ

    Нетрговските трансфери минаа со 766 подарени акции

    Време зa читање: 2 минути

    Во нетрговските трансфери реализирани минатата недела биле подарени или наследени 766 акции. Најголемиот дел се обични, а има и приоритетни. Издадени се од 11 друштва што котираат на Македонска берза.

    Акциите на две компании со назив Тиквеш се процесуирале во три наврати. На ГД-Тиквеш АД Кавадарци, вкупно 16: во понеделникот и четвртокот по 4, а во петокот 8 обични акции. Во истите тие денови се и хартиите од вредност на ВВ Тиквеш АД Кавадарци: на двапати по 12 и потоа уште 24 акции. Имаат просечни цени од 1.000, односно од 8.015 денари. Со нив последен пат се тргувало лани во декември.

    На двапати во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се забележани акции на Макпетрол, и тоа 1 на почетокот од и 7 на средината од работната седмица. Имаат просечна цена од 115 илјади денари.

    Според количината, најбројни во нетрговските преноси – 289, се акциите со знакот на Алкалоид, чија просечна вредност е 25.607,50 денари.

    Гранит овој пат е застапен со 100 обични акции, со просек од 1.650 денари, произлезен од последното тргување на 5 декември.

    Следуваат две банкарски акции. Обични 82 на Комерцијална банка, со просечна цена од  28.066,26 денари. И 62 приоритени на Стопанска банка Скопје, кои имаат средна вредност од 800 денари.

    Во нетрговските трансфери буле подарени и 50 обични акции на Макотекс, 42 на Македонски Телеком, 40 на Тетекс АД Тетово и 29 обични акции на ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично